Семинар за инспекцискиот надзор од Источно-планскиот регион
Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани на ден 15.01.2013 година организираше семинар за инспекцискиот надзор од Источно-планскиот регион, односно за комуналните и овластените инспектори за животна средина, за имплементацијата на Законот за управување со пакување и отпад од пакување.
Семинарот се одржа во Мотел Слив, Виница, на кој ЕКО-ПАК ХИТ ја презентираше својата досегашна работа, како и идните планови. Инспекторите беа запознаени со своите надлежности, како и мерките кои може да ги преземат за поуспешно имплементирање на Законот за управување со пакување и отпад од пакување.