ЗАКОН
1. Закон за управување со пакување и отпад од пакување
Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија објави дека е отворена наменска трезорска сметка во рамките на Единствената трезорска сметка, преку која ќе се врши уплата на паричните средства за надомест за управување со отпад од пакување, со следните податоци:
Назив на примачот - Буџет на РМ
Банка на примачот - Народна банка на РМ
Сметка - единствена трезорска сметка 100000000063095
Приходна шифра и програма - 718148
Уплатна сметка - 840 ХХХ 07379
XXX - се внесува ознаката на општината согласно Списокот на општини со ознаки во Република Македонија, кој е составен дел на Упатството за начинот на евидентирање, распоредување и поврат на јавните приходи („Службен весник на РМ“бр. 08/06)