Работна средба за унапредување на ЗУПОП
Забелешки за придобивките, примената и начинот за унапредување на Законот за управување со пакување и отпад од пакување (ЗУПОП) беа главна тема на работната средба помеѓу колективните постапувачи со отпад од пакување и претставници од Министерство за животна средина и просторно планирање и стручните органи. ЕКО-ПАК ХИТ Кочани е една од четирите фирми во Македонија кои имаат лиценца за колективни постапувачи со отпадот од пакување и кои ја иницираа првата работилница до сега.
На средбата, покрај колективните постапувачи ЕКО-ПАК ХИТ, ПАКОМАК, ЕКОСАЈКЛ И ЕУРО-ЕКОПАК, присуствуваа и претставници од Државниот инпекторатот за животна средина, Управата за животна средина, Државниот пазарен инспекторат, како и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, кои дадоа извесни појаснувања околу примената и почитувањето на законските прописи. На средбата беа дискутирани и начините на унапредување на Законот, како и забелешки од колективните постапувачи за подобра примена на Законот. Работната средба заврши со неколу заклучоци, кои ќе бидат конкретизирани во Меморандум за соработка и истите ќе бидат доставени до Министерството за животна средина и просторно планирање.