Семинар за бизнис секторот во Општина Чешиново-Облешево
Во Општина Чешиново-Облешево на 10.10.2013 година се организираше едукативен семинар за имплементација на Законот за управување со пакување и отпад од пакување.
На семинарот говореа претставниците од ЕКО-ПАК ХИТ, Верица Паунова и Горан Христовски, кои зборуваа за целите на Законот и негова успешна примена. На семинарот имаше свое обраќање и Градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево, г. Костадин Личков, кој ја истакна важноста од ваков Закон, како и ангажираноста на Општината за целосна имплементација на истиот.
Претставникот од Општина Кочани, г. Борче Сандев говореше за инспекцискиот надзор, како и за надлежностите на Општината при спроведување на Законот за управување со пакување и отпад од пакување.