Семинар за бизнис секторот во Општина Кочани
Во Општина Кочани на 28.02.2013 година се организираше едукативен семинар за имплементација на Законот за управување со пакување и отпад од пакување.
На семинарот говореа претставниците од ЕКО-ПАК ХИТ, Биљана Митева и Горан Христовски, кои зборуваа за целите на Законот и негова успешна примена. На семинарот имаше свое обраќање и Градоначалникот на Општина Кочани, г-динот Ратко Димитровски, кој ја истакна важноста од ваков Закон, како и ангажираноста на Општината за целосна имплементација на истиот.
Претставникот од Општина Кочани, г-дин Венцо Андонов говореше за инспекцискиот надзор, како и за надлежностите на Општината при спроведување на Законот за управување со пакување и отпад од пакување.