Семинар за претставниците на КЈП во Македонија
Во Дојран на 15.11.2013 година се организираше семинар за имплементација на Законот за управување со пакување и отпад од пакување за директорите и претставниците на комуналните јавни претпријатија во Р. Македонија.
На семинарот говореа претставниците од ЕКО-ПАК ХИТ кои зборуваа за целите на Законот и неговата примена. На семинарот се истакна важноста од ваков Закон, како и ангажираноста на комуналните претпријатија за целосна имплементација на истиот.