Нова методологија за собирање, транспорт и селектирање на отпад
Во организација на „Стопанска Комора на Македонија“ во „Еурохотел Гратче“ кон крајот на изминатата седмица се одржа работилница на која се дебатираше на тема „Нова методологија за собирање, транспорт и селектирање на отпад“. На работилницата свое претставување имаа Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „Еко-Пак Хит“ од Кочани, како и фирмата „Дикос“ исто така од Кочани. На работилницата на која учествуваа речиси сите комунални претпријатија од државата беше воспоставена единствена реална цена за покривање на трошоците на работењето и беше утврден еден современ и модерен процес на собирање и управување со отпадот. Оваа најнова методологија во Македонија во одредени општини веќе се применува од првиот ден на оваа година. Инаку самата работилница е свикана по иницијатива на Александар Ефтимов, технички директор во КЈП „Водовод“ чиј претставник е воедно и во „Стопанска Комора на Македонија“