Резултати од наградниот конкурс - Модна ревија 2013
ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани организираше награден конкурс за учество на модна ревија од модели изработени од отпадни материјали.
Во преполнетата сала на ООУ „Никола Карев“ во Кочани со свои модели се појавија дечињата од градинките, како и учениците од основните и средните училишта од Кочани, Виница, Зрновци, Пробиштип, Македонска Каменица.
На црвениот тепих продефилираа голем број учесници кои носеа навистина прекрасни креации од отпаден материјал. По нивното претставување посетителите можеа да уживаат во културно забавната програма која им ја приредија учениците од училиштата во Кочани.
Иако сите креации беа мошне високо оценети сепак мораше да има и најдобри меѓу најдобрите.
Во категоријата „Градинки“ првото место го освои ДГ „Гоце Делчев“ (Пробиштип), второ ДГ „Гоце Делчев“ (Виница) и трето ДГ „Павлина Велјанова“ (Кочани).
Во категоријата „Основни училишта“ ООУ „Никола Карев“ (Кочани) го освои првото место, второпласирано е ОУ „Славчо Стоименски“ (Виница) а трето се ОУ “Синиша Стоилов“ (Зрновци) и „Св. Кирил и Методиј“ (Македонска Каменица).
Во категоријата „Средни училишта“, првото место беше резервирано за „Миле Јаневски Џингар“ (Македонска каменица), второто за „Наум Наумовски Борче“ (Пробиштип) а третото за „Љупчо Сантов“ (Кочани).
ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани им честита на наградените и ги охрабрува и понатаму да учествуваат на вакви конкурси.
Останати слики од модната ревија