НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Четврта година по ред компанијата „Еко-Пак Хит“ од Кочани во пресрет на претстојните Новогодишни празници на дечињата со посебни образовни потреби во паралелката во ОУ „Малина Попиванова“ им подарува новогодишни пакетчиња. И годинава ја продолжуваме традицијата и го посетивме училиштето честитајќи им ги на дечињата претстојните Новогодишни и Божиќни празници им подаривме по едно пакетче.

 

Во знак на благодарност дечињата ни подарија новогодишна честитка.

Настанот медиумски беше покриен од страна на Радио Кочани, Комарец, Телевизија Кочани, Малина Попиванова.