Новогодишни пакетчиња во ОУ Малина Попиванова

Во пресрет на Новогодишните празници компанијата ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани го посети Основното Училиште Малина Попиванова, односно паралелката за деца со посебни образовни потреби. При посетата им подари Новогодишни пакетчиња на децата.