Книговодител

“ЕКО-ПАК ХИТ” ДОО – Кочани во насока на проширување на својот тим, распишува оглас за вработување на книговодител, на неопределено работно време, плата по договор и работно време од понеделник до петок од 08 до 16 часот.

 

Потребни квалификации:

- ВСС (сметководство и ревизија/финансиски менаџмент)

- привремена лиценца за работа

- активно познавање на сметководствените програми

- работно искуство во струката

- комплетно финансиско и материјално книговодство

- изготвување материјална и финансиска книговодствена евиденција согласно Меѓународните Сметководствени Стандарди

- самостојна изработка на завршни пресметки

 

Лични карактеристики:

- Одговорно и совесно вршење на работите

- Посветеност, лојалност и прецизност во работењето

- Силни интерперсонални и комуникациски вештини, способност за работа со рокови

- Самоиницијативност и мотивираност

 

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да не контактираат на тел. број 077/501-761, м-р Биљана Митева или да го достават своето CV на нашата e-mail адреса: info@ekopakhit.com.mk, со назнака: “Оглас за вработување – Книговодител“.