Соработка ЕКО-ПАК ХИТ и Општина Виница во 2013 година
Во организација на Општина Кочани и Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „Еко-Пак Хит“ ДОО Кочани, во Спортската сала во ООУ „Никола Карев“ се одржа модна ревија со изработени модели од отпадни материјали. Во преполнетата сала со свои модели се појавија дечињата од градинките, како и учениците од основните и средните училишта од Кочани, Виница, Зрновци, Пробиштип, Македонска Каменица. На црвениот тепих во салата на ОУ “Никола Карев“ продефилираа моделите на 380 манекенки и манекени, изработени од хартија, најлон, салфети, исклучиво од еко материјал. Иако сите креации беа мошне високо оценети сепак мораше да има и најдобри меѓу најдобрите.
-Целта на ревијата е да покажеме дека отпадот не секогаш треба да заврши во корпите за отпадоци, туку мора да бидеме креативни и да направиме и нешто друго. Затоа ја организиравме модната ревија за да подигнеме свеста кај луѓето и да знаеме дека отпадот може да се преработува, истакна Биљана Митева од „Еко Пак Хит“.
Според оценките на жирито, ученичките од ОУ „Славчо Стојменски“ кои моделите од глава до петици ги креираа во соработка со своите наставнички ја заслужија втората награда, донација во вредност од 10.000 денари која ќе биде наменета за училиштето.
Втора награда во истата вредност доби и Детската градинка „Гоце Делчев“ за моделите кои ги изработија вработените во градинката, а ги рекламираа децата од предучилишна возраст.
И медиумите беа присутни на настанот Комарец, Канал8, Региони.Мк