Модна ревија 31.05.2013

Во организација на Општина Кочани и Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „Еко-Пак Хит“ ДОО Кочани, во Спортската сала во ООУ „Никола Карев“ се одржа модна ревија со изработени модели од отпадни материјали. Во преполнетата сала со свои модели се појавија дечињата од градинките, како и учениците од основните и средните училишта од Кочани, Виница, Зрновци, Пробиштип, Македонска Каменица. На црвениот тепих во салата на ОУ “Никола Карев“ продефилираа моделите на 380 манекенки и манекени, изработени од хартија, најлон, салфети, исклучиво од еко материјал. Иако сите креации беа мошне високо оценети сепак мораше да има и најдобри меѓу најдобрите.

-Целта на ревијата е да покажеме дека отпадот не секогаш треба да заврши во корпите за отпадоци, туку мора да бидеме креативни и да направиме и нешто друго. Затоа ја организиравме модната ревија за да подигнеме свеста кај луѓето и да знаеме дека отпадот може да се преработува.

 

 

Трета награда, донација во вредност од 6 000,00 денари која ќе биде наменета за училиштето доби Детската градинка „Павлина Велјанова“ за моделите кои ги изработија вработените во градинката, а ги рекламираа децата од предучилишна возраст.

Во категоријата основни училишта првата награда ја однесоа претставниците од Основното училиште „Никола Карев“. Заслужено добија донација 17 000,00 денари за потребите на училиштето.

Според оценките на жирито, ученичките од гимназијата „Љупчо Сантов“ облечени од глава до петици во модели од отпадни материи добија донација во вредност од 6 000,00 денари која ќе биде наменета за училиштето.

И медиумите беа присутни на настанот Комарец, Канал8.