Награден конкурс - Модна ревија 2013
ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани организира награден конкурс за учество на модна ревија од модели изработени од отпадни материјали. Конкурсот започнува од 15.03.2013 и ќе трае до 15.05.2013. Пријавувањето се врши преку е-маил даден подолу во огласот.
Право на учество имаат основните и средните училишта, вклучувајќи ги и подрачните училишта, како и градинките, од следниве општини:
- Општина Кочани
- Општина Каменица
- Општина Виница
- Општина Зрновци
- Општина Пробиштип
Сите пријавени можат да учествуваат со најмалку 5, а најмногу 10 модели.
Комисија составена од 3 члена од „ЕКО-ПАК ХИТ“ ДОО Кочани ќе ги разгледа изработените дела и ќе ги утврди наградените.
Вкупниот буџет на натреварот е 100 000 денари.
Делата ќе бидат поделени во три категории, по изработувачи, односно: градинки, основни и средни училишта. Секоја од категориите ќе добие по три награди:
- Прва награда: донација во вредност од 17000 денари
- Втора награда: донација во вредност од 10000 денари
- Трета награда: донација во вредност од 6000 денари
Датум на одржување на ревијата, односно наградените дела: 31.05.2013
Локација: Фонтана во центарот во Кочани, почеток 17:30ч.
Покрај креативноста и можноста за освојување на награди, пријавените ќе добијат и благодарници за учество на натпреварот. Програмата покрај ревијата ќе биде збогатена со повеќе интересни содржини. Настанот ќе биде покриен од страна на медиумите.
За подетални информации, обратете се на телефон: 077 501 761.
Пратете порака на ekopak_hit@yahoo.com со следниве информации:
Subject: Награден конкурс - Модна ревија 2013
Пораката треба да ги содржи следниве информации:
Име на училиште, општина, лице за контакт и телефон, како и слики од изработените модели.
Со почит,
ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани