ЕКО-ПАК ХИТ ја доби лиценцата за управување со отпад од пакување
„ЕКО-ПАК ХИТ“ ДОО Кочани, после поднесената документација до Министерството за животна средина и просторно планирање, согласно со Законот за управување со пакувањето и отпадот од пакување, на 05.07.2012 година ја доби лиценцата за управување со отпад од пакување. Лиценцата е потпишана од министерот за животна средина и просторно планирање, г-дин Абдилаќим Адеми. Доделувањето на лиценцата ќе се случи на 19.07.2012 година (четврток), во Мотел „Слив“ Виница, со почеток од 13 часот. Се покануваат сите заинтересирани медиуми, производители и увозници на амбалажен отпад да присуствуваат на промоцијата на „ЕКО-ПАК ХИТ“ и на доделувањето на лиценцата.
Со почит,
„ЕКО-ПАК ХИТ“ ДОО Кочани