Соработка ЕКО-ПАК ХИТ и Општина Зрновци во 2012 година

Согласно договорот склучен со Општина Зрновци компанијата за управување со пакување и отпад од пакување ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани донираше 3 контејнери на Општина Зрновци за разделно собирање на отпад од пакување. Се проценува дека донацијата е вредна 50 000,00 денари.

Со тоа Општина Зрновци ги прави чекорите кон глобалната стратегија за здрава и чиста животна средина, а се очекува и подигнување на свеста кај граѓаните на Општина Зрновци за селектирање на отпадот.