Соработка ЕКО-ПАК ХИТ и Општина Виница во 2013 година

50 картонски кутии за собирање хартија и два мрежести контејнери за собирање пластика е стартот на реализацијата на програмата што ја потпишаа Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани и Општина Виница. За почеток картонските кутии за хартија, донација од ЕКО-ПАК ХИТ, се поставени во дел од државните институции во Виница, а двата големи контејнери за пластика, исто така дел од донацијата на ЕКО-ПАК ХИТ, се поставени кај зградите на ул. “Страшо Пинџур“ во Виница.

Собраните средства ќе се реинвестираат во подобрување на инфраструктурата за здрава животна средина. Општина Виница е една од првите општини во државата која има донесено ваква програма во која селекцијата на отпадот е примарна цел, а со програмата е предвидена и соодветна едукација во училиштата. Во Програмата е предвидено и селекција на отпад директно на депонијата кој понатаму ќе се рециклира, за што ЈКП “Солидарност“ Виница треба да ги искористи сите технички и човечки капацитети. Инаку Еко-Пак Хит во соработка со Општина Виница веќе има организирано две акции за собирање пет амбалажа кои покажаа одличен успех.

 

Телевизија Кочани од Кочани со видео го проследи настанот.