Донација во Општина Виница

ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани со нова донација продолжува со исполнување на основната мисија да биде ЧУВАР НА ВАШАТА ОКОЛИНА!

Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани со донација вредна 200 000,00 денари ја покрива Општина Виница согласно предвидената програма предложена за период од 5 години.

На ден 21.11.2014 година во Општина Виница во 14:00 часот е извршено примопредавање на 9 садови за селекција на отпадна хартија, која се создава од предметното работење на маркетите на компанијата МАКПРОГРЕС од Виница. МАКПРОГРЕС од Виница, компанија со високо развиена свест за екологијата и животната средина, преку раководниот тим и своите вработени, стануваат дел од се поголемото семејство на компании кои се грижат за селекција и повторна употреба на отпадните материјали создадени во процесот на производство и трговија.

Со оваа донација и со брендирање на возилата на ЈКП Солидарност од Виница за 2014 година, програмата предвидена за Општина Виница се реализира согласно предвидената динамика.

Отпадот од пакување кој се создава од трговските објекти на Макпрогрес ќе се селектира и ќе оди на рециклирање. Овој пат доделуваме 9 контејнери за селекција на отпадна хартија, меѓутоа нашата соработка со Општина Виница продолжува. До крајот на годината се очекува брендирање на возилата на ЈКП Солидарност. Општина Виница е лидер во примена на Законот за отпад од пакување и една од првите општини која започна со примена на истиот.

 

Телевизија Канал8 од Кочани со видео го проследи настанот.