“Еко-Пак Хит“ со донација-нови работни одела за Комунална хигиена

Компанијата „Еко-Пак Хит“ донираше нови работни униформи за дел од вработените во РЕ Комунална хигиена на кочански Водовод. Донацијата составена од работни одела, ракавици и капи за вработените, е дел од Програмата за управување со отпадот од пакување, донесена во согласност со општинскиот Совет.

 

 

„Еко-Пак Хит“ ДОО Кочани продолжува со донации и во наредната година. Се очекува донација на опрема за собирање отпад и специјализирани контејнери. „Водовод“ доби и мрежа за оградување на Градската депонија, со што е оневозможено влегувањето на неовластени лица и животни.

 

Настанот медиумски беше покриен од страна на - Канал 8.