Соработка ЕКО-ПАК ХИТ и Општина Македонска Каменица во 2012 година
Согласно договорот склучен со Општина Македонска Каменица компанијата за управување со пакување и отпад од пакување ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани, на ден 06.10.2012 година, донираше 3 контејнери на Општина Македонска Каменица за разделно собирање на отпад од пакување.
Ова е прва донација во Општина Македонска Каменица и со тоа општината ги прави чекорите кон глобалната стратегија за здрава и чиста животна средина, а се очекува и подигнување на свеста кај граѓаните на Општина Македонска Каменица за селектирање на отпадот, со тоа и чекор поблиску до зачувување на мајката природа.