“Еко-Пак Хит“ донираше маици за кочанските комуналци
Како подарок од компанијата „Еко-Пак Хит“ вработените во работните единици „Комунална хигиена“ и „Градско зеленило“ на кочански „Водовод“ добија летни маици, дел од работната униформа. Ова е во рамките на соработката на двете претпријатија, „Еко-Пак Хит“ Кочани и КЈП „Водовод“.
Маиците се во различна боја во зависност од секторот во кој припаѓаат работниците, и тоа е втора донација во ХТЗ-опрема, откако пред половина година вработените добија зимска работна облека.
Соработката „Еко-Пак Хит“ ДОО Кочани и КЈП „Водовод“ продолжува, при што наскоро во план е донација со поголема вредност за заштита на животната средина.
Донацијата на работна облека од компанијата „Еко-Пак Хит“ е дел од Програмата за управување со отпадот од пакување, со која освен контејнери за разделно собирање отпад, „Водовод“ доби и мрежа за оградување на Градската депонија, со што е оневозможено влегувањето на неовластени лица и животни.