Еколошка акција по повод Денот на Платената Земја 22.04.2013

„Еко-Пак Хит“ ДОО Кочани во соработка со Основното Општинско Училиште „Раде Кратовче“ од Кочани на ден 20.04.2013 година, ден сабота работеше на реализација на што поуспешна акција за собирање на ПВЦ отпаден материјал. Акцијата се одвиваше на две локации во градот Кочани, Зендолино (Автобуска станица) и Зендолино (Ресторан Софра) и беше прогласена на мошне успешна.
Учесниците во акцијата требаше да соберат по 30 ПВЦ отпадни предмети, претежно шишиња. Организаторот „Еко-Пак Хит“ донираше маици со логото на „Еко-Пак Хит“, а на случајните минувачи им подаруваше по една платнена торба за пазарење, се со цел да ги одвикнат граѓаните од навиките за употребата на ПВЦ кеси кои откога ќе се најдат фрлени на земја потребно е 500 години за да успеат да се разградат.

 

 

Покриеност од медиумите Телевизија Кочани.