Платнена торбичка за почист град 17.05.2012

Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „Еко-Пак Хит“ ДОО Кочани и Еко одборот при Основното Училиште „Кирил и Методиј“ од Кочани организираа акција за собирање на пластични (ПЕТ) амбалажи. За собрани 30 пластични шишиња учесниците добиваат подарок платнена торбичка. Акцијата е одржана на 17 мај 2012 година во Општина Кочани. „Еко-Пак Хит“ учествуваше со донација платнени торбички, кеси за собирање на отпадот, превоз на собраниот отпад до ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО Кочани, пресување на истиот и предавања на фирми за понатамошно рециклирање на ПЕТ амбалажата. „Еко-Пак Хит“ ќе продолжи да поддржува вакви акции и ги повикуваат сите заинтересирани ученици, студенти и граѓани да се приклучат на акциите, сите заедно да допринесеме за здрава и чиста животна средина.