Донација во Општина Кочани 06.10.2012

Компанијата „Еко-Пак Хит“ ДОО Кочани на Општина Кочани и донираше 3 пластични контејнери за собирање на отпад од стакло, железо и хартија во знак на почеток на соработката. Со ова симболично се означува работата на нашата компанија на терен. Донацијата е вредна 51 330,00 денари.

 

 

Донацијата во името на Општина Кочпани ја прими секретарот на општината Петар Апостолов, кој заблагодарувајќи се на донацијата истакна дека Кочани е првата општина која потпиша договор со „Еко-Пак Хит“ за третирање на одпадот во општината. Тој додаде дека контејнерите ќе бидат сместени на јавни површини во централното гардско подрачје.

 

Телевизија Кочани од Кочани со видео го проследи настанот.