Донација во Општина Берово
ЕКО-ПАК ХИТ продолжува да работи во духот на донирањето. На ден среда, 11 Ноември, остварена е донација вредна 400 илјади денари од компанијата ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани за Општина Берово со цел подигнување на свеста кога е во прашање чувањето на здравата животна средина и селектирањето на отпадот од пакување.
За почеток дониравме 10 контејнери од кои 5 се наменети за собирање на пластика, а 5 за отпадна хартија. Проектот во Берово ќе се спроведува во наредните 5 години. Контејнерите ќе бидат распоредени на повеќе локации, главно пред позначајните институции во општината. Покрај подигањето на свеста на граѓаните во Источно планскиот регион неформалните собирачи на отпад ќе добиваат и лиценци.
Градоначалникот на Берово, Драги Наџиски истакна: -„Јас се надевам дека соработката ќе продолжи и понатаму, се со цел да го одржиме Берово како еден од најчистите градови во регионот, по што сме и познати“.
Во склоп на оваа донација извршено е и брендирање на автобус. Брендираното возило би требало да ја подигне свеста кај граѓаните за собирање и правилно селектирање на отпадот.
Едукативната програма „Биди модерен селектирај паметно“ ќе ја опфати и Општина Берово, програмата ќе се спроведува кај децата од градинките и основните училишта во Берово.
Настанот го покри и локалната телевизија Malesh-net со видео на следниов линк.