ДЕНОВИ НА ОРИЗОТ 29.09.2013 година

14 девојки учествуваа во годинашниот избор за жетварска убавица на Македонија, со кој во Кочани започна 22 манифестација “Денови на оризот“. Титулата годинава и припадна на Моника Митева, средношколка од Кочани, која ќе ја има честа годинава традиционално, со срп да го зажнее првиот сноп ориз. Со тоа официјално по 22ри пат започнуваат Деновите на оризот во Кочани.

 

 

„Еко-Пак Хит“ ДОО Кочани зеде активно учество, со свое присуство го збогати настанот, односно приреди пријатно изненадување за посетителите. Претставници од „Еко-Пак Хит“ зедоа активно учество во Деновите на оризот за собирање на отпадот од пакување и делење на едукативен материјал за сите учесници, гости и посетители.