ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА 22.04.2016 ГОДИНА

Првпат Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22 април 1970-та година во САД, а од 1992 година и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави. Целта на одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да се укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично.

По повод одбележување на Денот на планетата Земја, кое беше спроведено во петок на 22.04.2016 година, како на целата територија на државата, така и на територијата на општините Кочани, Чешиново – Облешево, Зрновци и Виница, компанијата за управување со пакување и отпад од пакување Еко-Пак Хит ДОО Кочани, заедно со своите партнери, ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО Кочани и НВО ЕКО ТИМ ИСТОК Кочани, во согласност со принципите и начелата на работење, спроведе активности за хортикултурно уредување на училишните дворови на основните училишта во општините Кочани, Чешиново-Облешево, Зрновци и Виница.

Менаџментот на Еко-Пак Хит обезбеди цвеќиња кои беа засадени, ракавици за побезбедна работа, четки и боја за бојадисување на старите гуми и буриња во кои беа засадени цвеќињата.

Настанот медиумски беше покриен од страна на Радио Кочани, Комарец, Телевизија Кочани, Канал 8.