Едукативна еко -работилница одржана во Детската Градинка Ѕвездички во Чешиново

Во Детската Градинка Ѕвездичка во Чешиново, во присуство на 14 деца распоредени во воспитната група на возраст од 5 до 6 години е одржана едукативна кампања на тема Биди модерен - селектирај паметно.

Во присуство на децата од најголемата воспитна група одржани се 2 часа, од кои на првиот час е одржана едукација преку презентирање на презентација под наслов Биди модерен-селектирај паметно, а на вториот час спроведена е интерактивна настава преку метод на дискусија и прикажување. Целта на часовите е да се едуцираат најмладите за поимот разделно собирање на отпадот од пакувањата, како и негово правилно селектирање. Дечињата треба да научат за правилното искористување на контејнерите во боја, а истовремено и дефинирање на процесот рециклирање, негов опис и значење. Дечињата се запознаваат со хартијата, пластиката, стаклото, металот и дрвото како видови материјали, нивен начин на добивање и заштедата која произлегува од нивното рециклирање.