Садови за селектирање на отпад за ДГ „Павлина Велјанова"

Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „ЕКО-ПАК ХИТ“ ДОО Кочани додели по 4 садови за селектирање на отпад во сите 4 клона во градинката Павлина Велјанова во Кочани. Донирањето е дел од одбележување на Неделата на детето. Во име на одбележување на Неделата на детето како и за подобра едукација на најмладите сметаме дека е потребно да поделиме садови за собирање на отпадот во сите 4 клона. Донацијата се проценува околу 25 000 денари.

Воедно во градинката Павлина Велјанова започнува едукативната кампања Биди модерен-селектирај паметно за правилно селектирање на отпадот од пакување, која ќе се спроведува во сите општини од Источнопланскиот регион со кои „ЕКО-ПАК ХИТ“ има склучено договор.

 

Настанот медиумски го покри Телевизија Канал8 од Кочани.