“Еко-Пак Хит“ покровител на 13-тиот Новогодишен концерт на ООМУ Ристо Јуруков

Со 15 музички нумери, по 5 од малиот хор, големиот хор и од оркестарот започнува Новогодишниот концерт организиран од ОМУ Ристо Јуруков од Кочани, кој годинава се одржува по 13-ти пат.

 

 

„Еко-Пак Хит“ ДОО Кочани зеде активно учество, со свое присуство го збогати Новогодишниот концерт, односно приреди пријатно изненадување за посетителите. Претставници од Еко-Пак Хит поделија мали подароци на присутните, а атмосферата беше збогатена и со новогодишна елка изработена од отпадни материјали, изработка на учениците од ОУ Раде Кратовче од Кочани.

 

 

Покриеност на настанот - Канал 8, Daily.mk.