МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД 2014
Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „ЕКО-ПАК ХИТ“ ДОО Кочани ја подржа големата национална еко-акција „Македонија без отпад 2014“ која на ден 18 Октомври во градот Кочани беше спроведена на три локации. На акцијата присуствуваа претставници од „ЕКО-ПАК ХИТ“, претставници од „ЕКОПРОЕКТ-КО“ ДОО Кочани, ученици од основните и средните училишта во градот, граѓани од Општина Кочани, како и преставници од КЈП Водовод од Кочани. „ЕКО-ПАК ХИТ“ во училиштата во Кочани донираше хартиени кутии, пластични вреки и заштитни ракавици за собирање отпад. Со оваа акција се испрати порака до граѓаните дека сите треба активно да учествуваме при грижата за животната средина, како и развивање на свеста за правилно управување со отпадот, со цел чиста и здрава средина за нас и нашите поколенија.