МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД 2013

Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „ЕКО-ПАК ХИТ“ ДОО Кочани и Здружението за екологија и заштита на животната средина „ЕКО ТИМ ИСТОК“ Кочани се приклучија на големата национална акција „Македонија без отпад 2013“. На акцијата присуствуваа претставници од „ЕКО-ПАК ХИТ“, членови на здружението, граѓани од Општина Кочани, како и Градоначалникот на општината, г. Ратко Димитровски. Со оваа акција се испрати порака до граѓаните дека сите треба активно да учествуваме при грижата за животната средина, како и развивање на свеста за правилно управување со отпадот, со цел чиста и здрава средина за нас и нашите поколенија.

Информации за настанот споделија и Д1 Телевизија со видео и Комарец.