Соработка ЕКО-ПАК ХИТ и Општина Виница во 2013 година

Започнува едукативната кампања на „Еко-Пак Хит“ ДОО Кочани, насловена „Биди модерен - селектирај паметно“, одобрена на 26.11.2012 година од Министерството за образование и наука, Сектор за основно и средно образование, која има за цел да ја подигне еколошката свест на учениците од прво до четврто одделение.  Одобрена од Министерството кампањата започнува во ОУ „Гоце Делчев“ во Виница, а истата ќе биде спроведена во сите 7 општини од Источно Плански Регион. На почетокот на кампањата ќе присуствува и министерот за образование и наука, г. Спиро Ристевски. Едукативната кампања ќе биде спроведена во неколку фази и е дел од стратегијата на „Еко-Пак Хит“ за чиста и здрава животна средина.

 

 

И Министерството за образование и наука како дел од ова случување ги сподели информациите во врска со настанот.