Еко-Пак Хит ДОО Кочани дел до Саемот за вработување во Кочани - 21.10.2015

Еко-Пак Хит ДОО Кочани учествуваше на Саемот за вработување, одржан во салата на ОУ "Никола Карев" во Кочани, во организација на "Агенцијата за вработување. Еко-Пак Хит беше дел од 22 фирми од Регионот кои им се претставија на посетителите. Посетеноста беше голема, а оние што дојдоа, дојдоа со надеж дека ќе успеат да пронајдат некаков работен ангажман. Посетителите во разговор со работодавачите или со претставниците на компаниите бараа можност како да го решат својот проблем со невработеноста. На саемот освен претставници од Локалната Самоуправа присуствуваше и Директорот на "Агенцијата за вработување" Влатко Поповски.

 

Еко-Пак Хит ДОО Кочани понуди нови работни места. Отворени се огласи за вработување на економисти, правници и информатичари.

Настанот медиумски беше покриен од страна на Комарец, Телевизија Кочани, Канал 8.