Еко-акција на релацијата Кочани-Брана Градче 04.05.2015 година

Во организација на „Еко-Пак Хит“ ДОО и Општина Кочани, а во соработка со еко одборите на основните и средните училишта во Кочани, реализирана е еко акција на потегот Кочани – Брана Гратче. Акцијата е спроведена на ден 04.05.2015 година, во периодот од 8 до 10 часот, а пораката која учесниците ја испраќаат со неа е: Не оставајте отпадоци по вас!

Членовите на еко одборот од ОУ „Никола Карев“ го собираа отпадот од пакување и комуналниот отпад во СРЦ „Бавчалак“, од ОУ „Раде Кратовче“ и ОУ „Малина Попиванова“ во „Гоцева Шума“, а од двете средни училишта на Браната „Гратче“.

Собраниот отпад од пакување е пренесен во откупниот центар на ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО, каде после примарното селектирање ќе биде пренесен за понатамошно рециклирање.

Целта на акцијата во која учествуваат ученици и наставници е на една од најфреквентните излетнички релации во Кочанско да се исчистат отпадоците што ги оставаат излетниците по првомајскиот викенд.

Сите учесници во акцијата од „Еко-Пак Хит“ добија маици, ракавици и црни најлон вреќи за собирање отпад, а одреден број на маици беа донирани од Општина Кочани.

Настанот медиумски беше покриен од страна на Комарец, Радио Кочани и Телевизија Канал 8.