Донација во Општина Пехчево

ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани со нова донација продолжува со исполнување на основната мисија да биде ЧУВАР НА ВАШАТА ОКОЛИНА!

 

На ден 10.12.2014 година во Општина Пехчево е извршено примопредавање на 6 нови садови за селекција на отпад, од кои 3 за селекција на отпадна хартија, а 3 за селекција на пластика. Се очекува постепено зголемување на бројот на контејнери кои треба да послужат за задоволување на потребите на општината во поглед на собирање и селектирање на отпадот, согласно законот за управување со пакување и отпад од пакување.

Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани со донација вредна 176 880,00 денари се претстави во Општина Пехчево.

Во склоп на оваа донација е и брендирање на дел од возниот парк на КЈП Комуналец од Пехчево. Донирани се и 30 садови за собирање хартија, 50 пластични вреќи и предлог програма за управување со отпад од пакување

Локалната Д1 Телевизија со видео го проследи настанот.