Донација за Општина Кочани

ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани како компанија која се занимава со управување со пакување и отпад од пакување се должни да воспостават интегриран систем за разделно собирање на отпадот од пакување. Заедничи се стремат да ги исполнат Годишните национални цели за собирање на отпад од пакување поставени на ниво на земјата, за територијата на својата општина со што ќе се даде значителен придонес во заштитат на животната средина и максимално искористување на отпадот од пакување.

ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани дава свој придонес преку давање на донации за општина Кочани и тоа: 13 мрежести контејнери 1x1x2 м и 3 пластични контејнери 1/1 м3 кои се распределни во бизнис секторот во општината и 6 мрежести контејнери 1x1x2м распределни на јавните површини во општината наменети за собирање на ПЕТ амбалажа и хартија. Донирани се и 19 метални канти за отпад распределни на повеќе локации во општината кои се утврдени со взаемна согласност со ЕКО-ПАК ХИТ и Општина Кочани. Дадените донации се во бруто вредност од 454 890 денари.

Согласно член 23 став 2 од ЗУПОП обврска на ЕКО-ПАК ХИТ ДОО е должно на соодветен начин да ја информира јавноста за намената и целите од собирањето на отпадот од пакување, за таа цел согласно одобрената програма Биди модерен селектирај паметно! ЕКО-ПАК ХИТ ДОО вниманието го има насочено кон децата од градинките и учениците од прво до четврто одделение . Со настава се опфатени децата од 1во до 4то одделение во сите училишта во општина Кочани и тоа ОУ Кирил и Методиј, ОУ Малина Поп Иванова, ОУ Никола Карев, ОУ Раде Кратовче, ОУ Крсте Петков Мисирков и и децата од најголемата група во 4 те клона во градинката Павлина Велјанова и вкупно 1307 деца. Вредноста за реализација на програмата досега изнесува 328 518 денари со што се опфатени едукација, прирачници, боенки, пофалници, спроведување на акции, награди за најуспешните.

ЕКО-ПАК ХИТ со засилено темпо продолжува и понатаму да дава свој придонес во заштита на животната средина.

Настанот медиумски беше покриен од страна на Радио Кочани, Комарец, Телевизија Кочани и Инфо Кочани.