ЕКО-ПАК ХИТ со донации во месец март

Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „Еко-Пак Хит“ ДОО се придружува кон акцијата на Општина Кочани и КЈП „Водовод“ од Кочани за садење рози на 20 март и за одбележување на денот на пролетта ќе спроведе активности за хортикултурно уредување на околината. Менаџментот обезбеди рози кои ќе бидат засадени во централното градско подрачје. За денот на пролетта пак, компанијата ќе ги уреди дворовите на сите четири клона на ДГ „Павлина Велјанова“. Активноста е во соработка со невладината „Еко Тим Исток“ од Кочани, а ќе се уредува и кругот на Општа болницата.

На 21 март имаме уште една активност која е во соработка со „Авто Атом“, ќе донираме детско игралиште во населбата Усова чешма во Кочани и со тоа ќе направиме нешто повеќе за нашиот град. Сметавме дека во овој дел од градот недостасуваа вакво игралиште. Се надеваме дека содржините се доволни и ќе продолжиме

„Еко-Пак Хит“ поставува и три мрежести садови за селекција на хартија. Станува збор за специјално изработени поголеми садови со цел да се овозможи фирмите да направат чекор понатаму и да помогнат во чувањето на околината почитувајќи го Законот за отпад од пакување и учествувајќи во рециклирање . Вкупната вредност на трите сада изнесува 60.000 денари.

 

Настаните ги покри локалната телевизија Канал8 со следниве линкови - линк1 и линк2.