Едукативна еко-работилница во ЈОУДГ Павлина Велјанова -Клон 1

Во четирите клона на ЈОУДГ Павлина Велјанова од Кочани, во присуство на 172 деца распоредени во воспитната група на возраст од 5 до 6 години е одржана едукативна кампања на тема Биди модерен - селектирај паметно.

Во четирите клона на градинката, во присуство на децата од најголемата воспитна група одржани се по 2 часа, од кои на првиот час е одржана едукација преку презентирање на презентација под наслов Биди модерен-селектирај паметно, а на вториот час спроведена е интерактивна настава преку метод на дискусија и прикажување. Целта на часовите е да се едуцираат најмладите за поимот разделно собирање на отпадот од пакувањата, како и негово правилно селектирање. Дечињата треба да научат за правилното искористување на контејнерите во боја, а истовремено и дефинирање на процесот рециклирање, негов опис и значење. Дечињата се запознаваат со хартијата, пластиката, стаклото, металот и дрвото како видови материјали, нивен начин на добивање и заштедата која произлегува од нивното рециклирање.

 

 

Дечињата од најголемата воспитна група во Клон 1 беа наградени со Пофалница, а ЈОУДГ Павлина Велјанова доби Благодарница за учество во едукативната програма.